Поврзете се со нас

НБА

Меси доби интересна понуда по завршувањето на приказната со Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Иако се навестуваше дека Лионел Меси ќе потпише петгодишен договор со Барселона тоа на изненадување на целиот фудбалски и спротски свет нема да се случи, односно во последен момент се промени ситуацијата и сега Аргентинецот како што стојат работите ќе го гледаме во нов дрес.

Кој ќе биде тој останува да видиме, се споменуваат ПСЖ, Манчестер Сити…меѓутоа засега нема ништо конкретно. Оваа шокантна вест воедно се обидуваат да ја искористат некои клубови да му посакаат добредојде на Меси, да го привлечат во истите, па дури и оние кои не се фудбалски.

Имено тимот од НБА лигата, Денвер Нагетс сподели едно видео во кое Јокиќ, Кампацо и остаантите играат сервис, а порака на составот од Колорадо беше следна:

-Еј Меси…мислиме дека добро овде би се вклоил, -порачаа од Денвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни