Меси детално го опиша Ван Дајк и објасни зошто е толку тешко да се игра против него

mesi-vandijk

Лионел Меси даде навистина интерсна изјава во интервјуто за „Марка“ во кое доби специфично прашање поврзано за Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ, но за време на разговорот, даде коментар и за противникот кој најмногу напредна минатата натпреварувачка сезона.

Меси имаше можност да игра против Вирџил Ван Дајк кој беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, холандскиот репрезентативец кој во изминативе две сезони се претвори во вистински кошмар за напаѓачите во Англија, но и во Европа. Аргентинецот од прво лице можеше да ги почувствува квалитетите на Ван Дајк, а сега во интервјуто со мадридскиот весник, се обиде да објасни зошто е толку тешко да се игра против него.

– Ван Дајк е дефанзивец кој добро го одредува времето, добро ја чита играта и знае кога да влезе во дуел во вистински момент и да го издржи истиот. Многу е брз и корпулентен, а за негова конституција е неверојатно агилен. Брз е поради своите големи чекори и навистина е импресивен, е само во одбрана, туку и во нападот каде постигнува многу голови, – објаснува Аргентинецот.

 

Facebook Коментари