Поврзете се со нас

Шпанија

Меси даде гол и го прослави со дресот на Диего Марадона на себе (Фото+ Видео)

Објавено

на

Екипата на Барселона конечно заигра допадлив фудбал и со убедливи 4:0 славеше против тимот на Осасуна.

„Каталонците“ беа распложени во текот на целиот натпревар упатувајќи 20 удари кон голот на Осасуна од кои четири завршија во мрежата на гостинот.

Во првиот дел погодоци за каталонскиот клуб постигнаа Мартин Брајтвајт кој ја продолжи голгетерската низа и Антоан Гризман.

Во второто полувреме пак прецизни беа Фелипе Кутињо и Лионел Меси. Токму голот на Меси го привлече вниманието на јавноста затоа што Аргентинецот го прослави на специфичен начин оддавајќи му почит на Диего Армандо Марадона.

Меси погодокот го прослави со дресот на Њуелс Олд Бојс во кој Диего Марадона играше пред крајот на својата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни