Меси и Алба со три брилијантни комбинации ја „распараа“ одбраната на Селта (Видео)

mesi-jordi-alba

Барселона и Селта Виго оваа вечер го играат реванш дуелот во осминафиналето на Копа дел Реј, но по само неполни 30 минути игра на теренот, големиот фаворит стигна до огромна предност по почетните 1:1 од Галиција.

Каталонскиот гигант има преубедливи 4:0 по само 30 минути игра, но најинтересен беше начинот на кој беа постигнат првите три гола на мечот. Последниот погодок го постигна Суарез по една голема грешка на Систо, а претходно задолжение за шоуто беа Меси и Жорди Алба кои со три брилијантни комбинации ја „распараа“ одбраната на Селта.

Во првите два наврати Алба беше асистент на Меси(13-та и 15-та), а Аргентинецот му возврати во 28-та минута откако одлично го пронајде во свој величествен стил…

Facebook Коментари