Мешков му ја продолжи лошата серија на Металург

Meshkov-Metalurg

Металург одржуваше неизвесност во речиси две третини од натпреварот против Мешков Брест во СЕХА лигата, но на крајот го доживеа и петтиот пораз (35:30) или четврти во серија во регионалното натпреварување.

Избраниците на Александар Јовиќ имаа минимална негатива на полувремето (18:17), во 37. минута беше 23:21 за домаќините, а во продолжение Мешков направи солидна разлика со која го реши победникот. На крајот, победата беше комплетирана со резултат 35:30 во полза на белорускиот претставник.

Кузмановски со 8 (6 од 7 метри) и Јагањац со 7 гола беа најефикасни во редовите на скопскиот тим, додека Ѓорѓиќ со шест гола ја предводеше листата на стрелците кај Мешков.

Facebook Коментари