Поврзете се со нас

СЕХА лига

Мешков Брест ја освои Битола и направи голем исчекор кон Ф4 во СЕХА лигата

Објавено

на

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер загуби од Мешков Брест со 31-27 во првиот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лигата.

Во меч во кој беа доделени три црвени картони гостите од Белорусија се покажаа како подобар состав во салата „Боро Чурлевски“ и се многу блиску до обезбедување на виза за завршниот турнир во ова натпреварување.

Клучно беше првото полувреме во кое Мешков Брест се избори за предност од четири голови (13-9), позитива која без проблеми ја одржуваше, па и ја зголемуваше во продолжението за да на крајот останат тие плус четири со кои ќе го започне реваншот закажан за 29 август.

Мандалиниќ со 9 гола беше најефикасен играч, Периќ пак даде 6 погодоци. Кај Белорусите се издвои Кашпарек со осум гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни