Месец на францускиот бренд: 28 дена неодолива понуда од Peugeot

peugeot-28

Во акција која трае само во месец февруари, сите заинтересирани клиенти можат да ја искористат оваа неодолива понуда и да купат Peugeot возило од лагер!
Клиентите можат да изберат помеѓу Peugeot 208, 308, 301, 508, 2008 и 3008 па дури и дел од товарната гама по неодоливи цени!
Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на Еуроимпекс Генералиот увозник на Peugeot или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на Peugeot.
Секако, на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење на Peugeot моделите, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страната на Peugeot или на следниов линк: http://www.peugeot.com.mk/vozila/test-vozenje
Без разлика дали станува збор за мали градски автомобили или големи претставници на SUV гамата, Еуроимпекс има соодветна понуда за да ги задоволи барањата дури и на најпребирливите клиенти. Дозволете да бидете заведени од софистициран дизајн и современа елеганција. Возила со изграден карактер кои истакнуваат моќ, ефикасност како и грижа за околината. Интуитивни, иновативни, ергономични и комфорни, пружаат максимална контрола зад управувачот.
Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани, бидејќи при оваа понуда, количините се ограничени.

Facebook Коментари