Поврзете се со нас

Италија

Мертенс веќе има договор со Интер

Објавено

на

Не само што Дрис Мертенс донел одлука да го напушти Наполи, туку ќе засили голем италијански ривал, односно составот на Интер, тврдат дел од италијанските медиуми.

„Кориере дела Сера“ и „Ла Република“ истовремено објавија дека Белгиецот веќе договорил двегодишна соработка со Интер, а за истата ќе заработи по 5 милиони евра годишно и бонус од 4 милиони евра поради трансферот без отштета.

Наполи дозволи договорот на Мертенс да истече без да биде договорено негово продолжување, па сега мора да се раздели со него без да очекува обесштетување од неговиот нареден клуб, а тоа не е сценарио кое беше најпосакувано од сопственикот Аурелио Де Лаурентис.

Пристигнувањето на Мертенс може да значи и зелено светло за трансфер на Лаутаро Мартинез во Барселона, а истовремено Интер ќе се обиде да се ослободи и од позајмениот Иван Перишиќ кој не е во плановите на Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни