Англија
Мертенс притиска за трансфер во Премиер лигата
Речиси е сигурно дека Дрис Мертенс ќе си замине од редовите на Наполи по крајот на оваа сезона.
Белгискиот интернационалец со своите одлични игри го привлече вниманието на бројни европски клубови кои сакаат да го видат во своите редови.
Заинтересираните тимови нема да треба да плаќаат ниту евро затоа што Мертенс ќе стане слободен агент по крајот на сезоната и ќе може да ја промени средината без никакво обесштетување.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Мертенс го притискал неговиот агент да му обезбеди трансфер во редовите на Челси.
Англискиот клуб подолг период се интересира за Мертенс, а според Ди Марцио испратил и понуда минатиот јануари во висина од 10 милиони евра. Сепак истата тогаш била одбиена со образложение дека од Наполи ќе почекаат Мертенс да стане нивен најдобар стрелец во историјата, што подоцна Белгиецот и го реализираше.
Сега, како слободен агент тој веројатно ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ и ќе му се придружи на Хаким Зијеш кој веќе стави потпис на договор со „сините“ уште пред неколку месеци.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..