Поврзете се со нас

Италија

Мертенс останува во Наполи уште две години

Објавено

на

Дрис Мертенс имаше повеќе опции за продолжението на својата фудбалска кариера, но на крајот се одлучил да остане во Наполи.

Најугледните италијански новинари вечерва објавија дека Мертенс и Наполи постигнале договор и уште вечерва документите за продолжението на соработката ќе бидат депонирани во федерацијата.

Со новиот договор, Мертенс ќе има обврски кон Наполи до 2022 година, со можност да остане уште една дополнителна сезона.

За секоја од двете сезони Белгиецот ќе добие по 4 милиони евра, плус бонус од 2,5 милиони евра поради потпишувањето на договорот во ситуација кога летово ќе беше слободен играч.

Медиумите навестуваа дека блиску до потписот на Мертенс е Интер, а од позадина се обидувал да го ангажира и Челси, но фудбалерот одлучил да ја продолжи соработката со составот од „Сан Паоли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни