Поврзете се со нас

Италија

Мертенс не може да се договори со Наполи

Објавено

на

Дрис Мертенс е се подалеку од останување во редовите на Наполи, тврди „Газета дело Спорт“.

По крајот на последната сезона се чинеше дека тимот на нашиот Елиф Елмас нема да дозволи заминување на популарниот „Чиро“, но последните информации од Неапол не одат во насока на продолжување на соработката.

Мертенс и Наполи не можат да се договорат околу начинот на соработка, поточно околу должината на договорот и годишната плата, па ситуацијата носи попесимистички најави според кои Белгиецот може да бара нова средина ова лето.

Договорот на Мертенс истекува ова лето, а Наполи нема по автоматизам да ја искористи опцијата за едногодишно продолжување на соработката.

Мертенс стана најдобар стрелец во историјата на Наполи со 148 гола во синиот дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни