Поврзете се со нас

Англија

Мерсон за пропаднатата ѕвезда на Челси која сега брилјира во друг премиерлигаш: Тој е кандидат за играч на сезоната

Објавено

на

Рос Баркли имаше доста потежок фудбалски пат од тоа што можеше да се претпостави пред 5-6 години, бидејќи поранешниот англиски репрезентативец не се покажа во Челси и мораше да бара авантури во Астон Вила и Ница за да добие шанса за игра.

Офанзивниот играч за врска не се прослави и во овие две епизоди, но затоа сега брилјира во редовите на Лутон и според Пол Мерсон се издвојува како еден од кандидатите за играч на сезоната.

Баркли игра навистина страшен фудбал и е заслужен за тоа што Лутон и натаму е надвор од опасната зона, па легендата на Арсенал типува дека новајлијата ќе опстане во Премиер лигата и нема да биде во опасност по 38 одиграни кола.

– Лутон дојде во Премиер лигата и се обидува да игра како прволигаш. Според мене, тие се фантастични. Алфи Даугти е многу добар играч, голманот Камински има добри одбрани, Морис и Адебајо во нападот се вистинска опасност, а и Луконга е многу добар откако пристигна.

– Но, најважно, Рос Баркли е извонреден. За мене, тој е кандидат за играч на сезоната, направи голем пресврт во споредба на тоа што го играше изминативе сезони. Кога направи трансфер од Евертон во Челси, мислев дека ќе биде огромно засилување. Не испадна така, играше премногу сигурно и тоа не беше неговото вистинско лице. Тој е играч кој може да дрибла и да дава пасови, сега го гледаме најдоброто од него, – вели Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни