Поврзете се со нас

Англија

Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам

Објавено

на

Пол Мерсон своите најубави фудбалски денови ги мина во Арсенал, клуб во кој освои доста трофеи, па дефинитивно му е тешко кога гледа како истиот не е конкурентен за врвот и пехарите во Англија.

Сега „топчиите“ влечат некои потези, некои играчи се донесени, а за некои се најавува дека ќе дојдат по што клубот од Лондон може да добие сосема нов изгледа особено во офанзивната линија.

Сепак Мерсон кој секогаш говори отворено и без влакна на јазикот имаше што да каже за еден од потезите, а тоа е петгодишниот договор за Еди Нкетија. Тој прво требаше да остане во клубот, па беше на излезни врати за да на крајот добие продолжување на соработката, но и дресот со бројот 14.

Пол смета дека играч како Еди не е доволен за Арсенал, поточно не верува дека може да го предводи нападот. Според него Нкетија не може да биде стартер ниту во Евертон, ниту во Фулам кој да потсетиме се врати во елитната англиска конкуренција.

-Арсенал остана во нападот само со Еди Нкетија кој неодамна потпиша нов договор кога се чинеше дека може да си замине. И без непочитување кон Нкетија, но Микел Артета мора да сфати дека тој нема да ве одведе во Топ 4. Апсолутно нема шанси. Тоа е факт.

-Еди не може да биде предводник за вашиот напад на Лигата на шампионите. Тој нема да биде пред Калверт-Луин и Ришарлисон во Евертон, а тие за малку ќе испаднеа од лигата. Тој нема да биде пред Александар Митровиќ во Фулам, а тие само што се вратија во ПЛ. Не сакам да го напаѓам, ама тој нема да ви донесе Топ 4, -порача поранешниот англиски репрезентативец за „Дејли Стар“.

Еди има 23 гола на 92 меча по неговото деби за Арсенал во 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни