Поврзете се со нас

Англија

Мерсон за најавеното ново правило: Ќе ја убие играта, тоа ќе биде најдосадниот фудбал!

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец, Пол Мерсон даде свој коментар за најавеното ново правило „Син Бин“ кое може да се имплементира во светот на фудбалот во блиска иднина.

Имено ИФАБ дозволило да се тестира новото правило, фудбалско правило кое ќе овозможи привременото исклучување на играчите. поточно тоа би било казна меѓу жолтиот и црвениот картон за старт како на пример оној на Кјелини над Сака во финалето на последното Европско првенство.

Потегот на Кјелини како инспирација: ИФАБ одобри тестирање на „Син Бин“ исклучувањата

Според Мерсон оваа идеја е патетична и ќе го дотепа фудбалот.

-Во рагби доаѓате до 14 играчи, а другиот тим гледа да постигне седум до десет поени. Тоа е огромна предност. Огромна предност. Ќе ставиш некого во „син-бин“ 10 минути, со тоа ќе ја убиете играта. Ќе добиете 10 играчи кои ќе бидат зад топката цело време, тоа би бил најдосадниот фудбал досега. Тоа е апсолутно губење време, губење време. Сè што би правеле за тие 10 минути е да одвојат време за да изведат аут, ќе купат прекршок и ќе ги имате најлошите 10 минути што можете да ги замислите, -вели Мерсон за кого е неразбирливо да се прави муабет за ново правило кога се уште постојат проблеми со ВАР.

-Зборуваме за луѓе кои ги знаат правилата, но немаат поим за фудбалот. Немаат поим. Тоа само ќе ги натера луѓето да се расправаат уште повеќе! „Ох, требаше да биде испратен во „син-бин“ минатата недела.“ Кога ќе престанат? Не ставајте нови работи кога не сте ги решиле проблемите со правилата што веќе ги имате.

-Тоа е како да одите во ресторан, нарачате шпагети болоњезе, доаѓаат, вие пробувате и велите „Ох, тоа има ужасен вкус“. Не го враќате во кујната и почнувате да ставате дополнителни работи во неа! Тие вршат поголем притисок врз себе, -истакна Мерсон за „Скај Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни