Англија
Мерсон за кризата во Челси: Покетино почнува да паничи

Пол Мерсон во изјава за „Скај Спортс“ зборувал за кризата во Челси и важноста на натпреварот против Брајтон во Лига купот.
Избраниците на Маурисио Покетино се во негативна серија и во септември не постигнаа ниту еден гол, па вечерашниот натпревар има посебно значење од повеќе аспекти.
Тоа го истакнува и Мерсон, кој смета дека ситуацијата во лондонскиот клуб станува алармантна.
– Карабао (Лига) купот му е потребен на Челси како на никој друг клуб. Тотенхем одмораше фудбалери и доживеа елиминација, но кога ги гледате сега, сфаќате дека се борат за место во Лигата на шампионите и тој потег веројатно ќе им се исплати.
– Но, Челси не може да победи никого, многу клубови би посакале распоред каков што има овој клуб. Њукасл на пример ја започна сезоната со натпревари против Астон Вила, Ливерпул, Сити и Брајтон, а има четири бода повеќе од Челси. Ако погледнете распоредот за следните 10 натпревари на Челси, навистина треба да бидете загрижени за нив.
– Дури и Покетино излезе со изјава дека се работи за процес во кој треба трпение, а кога менаџер ќе изјави такво нешто, значи дека веќе паничи. Се надевам дека клубот ќе биде трпелив, но почнувам да се грижам за него, – изјавил Мерсон.
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)