Поврзете се со нас

Англија

Мерсон за финалето на „Вембли“: Њукасл има една голема предност

Објавено

на

Пол Мерсон смета дека Ливерпул може да има сериозни проблеми со Њукасл во денешното финале на Карабао купот, а главен проблем ќе му бидат повредите и исцрпувачкиот дуел со ПСЖ.

Во анализата за „Скај Спортс“, легендарниот англиски фудбалер истакнал дека очекува Ливерпул да има сериозни проблеми со Њукасл, посебно ако натпреварот отиде во продолжение.

– Секој е мотивиран од финале на куп, но да потсетиме дека Ливерпул имаше два предизвикувачки дуели со ПСЖ и натпревар со Саутемптон во кој исто така играа со најсилен состав.

– Барнс ќе му прави големи проблеми на Кванса кој ќе игра на позицијата десен бек, а за еден стопер нема полоша варијанта од тоа да надмудрува со брз крилен играч.

– Теренот на „Вембли“ е голем и тоа ќе влијае на претрчаните километри, па ако средбата отиде во продолжение, ќе бидам изненаден ако Ливерпул има повеќе енергија од Њукасл. Ливерпул не ја заборавил елиминацијата од Лигата на шампионите, на почетокот неговите фудбалери ќе бидат свежи и никој нема да има предност, но секоја дополнителна минута оди во корист на Њукасл, – вели Мерсон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни