Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Тој е поконстантен играч од Салах

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Ливерпул „лета“ во оваа сезона во Премиер лигата, а главна причина за тоа дефинитивно е неверојатниот Мохамед Салах кој во досегашниот тек има 17 голови и 13 асистенции, односно беше директно инволвиран во 30 од 45 погодоци на неговата екипа.

Меѓутоа и ова не е доволно за некогашниот англиски репрезентативец Пол Мерсон кој тврди дека членот на Челси, Кол Палмер е поконстантен играч од африканецот.

-Мислам дека го направи Челsи многу подобар тим. Тој е вклучен многу повеќе. Мислам дека Салах игра во неверојатен тим со неверојатни играчи. Палмер, мислам дека тој е посебен, специјален играч. Верувале или не, мислам дека е поконстантен од Салах во натпревар од 90 минути. Мислам дека тој е повеќе вклучен. Не ме сфаќајте погрешно, го сакам Салах. Тој е различна класа – еден од најдобрите во светот.

-Ама понекогаш ќе го гледате Салах, и тој ќе направи нешто, а вие ќе речете: „Навистина? Или ќе шутне преку статива, а вие ќе речете „Навистина? Работата со Салах е што не може да ја допре топката и да постигне два гола за две минути. Само мислам дека Палмер го носеше Челси. Мислам дека беше катализатор. Мислам дека Салах не беше катализатор. Мислам дека е во многу, многу добар тим. Ова момче [Палмер] го одведе Челзи на работ да се надеваме дека ќе влезе во Лигата на шампионите, -истакна легендата на Арсенал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни