Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Солскјер остана по ваков пораз и серија, не знам што се случува со клубот

Објавено

на

Пол Мерсон продолжува со своите стручни анализи за „Скај Спортс“, а неодминлива тема за екс играчот на Арсенал била тешкиот пораз на Манчестер Јунајтед од Ливерпул.

Мерсон вели дека поразот бил срамен, а Солскјер има среќа што и натаму е менаџер на Јунајтед.

– Не сум видел ваков резултат досега, ништо не се споредува, јас бев засрамен од тоа што го гледав.

– Манчестер Јунајтед против Ливерпул е најважниот натпревар во светот, најголем натпревар цела сезона за Јунајтед и тие го загубија на таков начин.

– Не сакам кога гледам како менаџерите се отпуштени, но Солскјер има голема среќа што досега не доби отказ.

– Не ме интересира што зборуваат другите, но во било кој друг клуб во Европа, ако загубите со 5:0 од најголемиот ривал, тренерот заминува. Манчестер Јунајтед има една победа на последните пет натпревари, тоа е неприфатливо, а менаџерот остана. Не знам што се случува со клубот, – вели Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни