Поврзете се со нас

Англија

Мерсон со совет за Саутгејт: Тони треба да има предност во однос на Воткинс поради пеналите

Објавено

на

Англиската фудбалска јавност веќе сериозно се загрева за претстојното Европско првенство и се чини дека притисокот врз репрезентативците ќе биде уште поголем во споредба со претходниот шампионат, на кој „трите лава“ загубија во финалето на домашен терен.

Европскиот вицешампион очекувано е меѓу фаворитите, а селекторот Герет Саутгејт треба да реши уште неколку дилеми во однос на конечниот состав. Една од нив е таа за напаѓачката позиција за која конкурираат Оли Воткинс и Ајван Тони и очекувањата се дека само еден од нив ќе биде повикан во ситуација кога сигурен стартер би бил Хари Кејн.

Поранешниот репрезентативец, Пол Мерсон, смета дека напаѓачот на Брентфорд треба да добие предност и тоа само поради фактот што подобро изведува пенали од „ривалот“ од Астон Вила.

– Не гледам поента да бидат повикани двајцата, кога знаеме дека Кејн ќе има максимална минутажа. Ако случајно се повреди, секако нема да го освоиме првенството.

– Би бил шокиран ако Саутгејт ги повика двајцата, нема поента да се троши место за напаѓач, посебно што и Маркус Рашфорд може да покрие на таа позиција.

– Ми се допаѓа Воткинс, но Саутгејт мора да го повика Тони поради ефективноста при изведување пенали, посебно ако ја знаеме нашата историја со изведувањето пенали, – вели Мерсон, алудирајќи на фактот дека Англија меѓу другите важни натпревари, го загуби и последното финале токму во пенал завршница.

Статистиката вели дека Тони промашил само 2 од 31 изведен пенал, додека Воткинс реализирал само 4 од 9 изведени пенали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни