Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Саутгејт мора да го освои ЕП 2024 со овие фудбалери

Објавено

на

Англискиот селектор Герет Саутгејт не сака да биде претерано голем оптимист во пресрет на ЕП во Германија, но Англија има квалитетен состав со кој мора да размислува за освојување на трофејот.

Финалистот на последното ЕП има уште еден посилен ростер во однос на претходното издание, а легендарниот Пол Мерсон вели дека Саутгејт не може да бара изговори во обидот да го освои турнирот.

– Искрено, не верував дека Англија ќе може да освои трофеј додека сум жив.

– Сепак, кога го гледам составот на Саутгејт и фудбалерите кои извисија, не гледам кога сме имале поголеми шанси да победиме на ЕП. Ова е најдобрата шанса која Англија ја имала долго време.

– Ако погледнете репрезентации како Шпанија, Италија и Германија, тие не располагаат со фудбалери од светска класа. Ние имаме фудбалери кои се меѓу најдобрите во светот, Кејн и Фоуден во нападот, Белингам и Рајс во средниот ред, Вокер на својата позиција…

– Саутгејт мора да ја освои титулата. Нема такво нешто како подготовка за следното СП или слично, мора да го врати трофејот „дома“, – вели Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни