Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Салах треба да добие двегодишен договор и ништо повеќе од тоа

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Дебатата за иднината на Мохамед Салах во Ливерпул продолжува и натаму, а последен кој зборувал на оваа тема е Пол Мерсон.

Поранешниот англиски репрезентативец во најновата колумна коментирал на повеќе актуелни теми, меѓу кои и статусот на египетскиот репрезентативец на „Енфилд“.

Мерсон смета дека Ливерпул треба да го задржи Салах со богат договор, но не се сложува дека договорот треба да биде долгорочен.

– Ја слушаме опцијата за двегодишен договор со опција за уште една сезона, но тоа е многу време. Во моментов би му дал 300-400.000 неделно, но тоа е сега, бидејќи игра фантастично.

– Јас сум негов најголем фан, сметам дека е светска класа и може да игра во било кој клуб. Но, она што го очекува тој се многу пари за повеќе од две години од сега. Фудбалот се менува, ако не беше така, сите ќе игравме и натаму. Она што е сигурно е дека колку си постар, толку си поспор, ако не беше така, Јусеин Болт и денеска ќе беше најбрз на 100 метри.

– Според мене, треба да добие двегодишен договор и ништо повеќе од тоа и го разбирам Ливерпул по ова прашање. Ги слушам и коментарите дека Ливерпул во спротивно би требало да доведе друг скап фудбалер, но тие ќе го направат тоа порано или подоцна. Салах нема да игра до 40 години, што значи дека тоа е неминовен потег за наредниов период, – вели Мерсон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни