Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Мареска ќе добие отказ ако…

Објавено

на

Челси претрпе уште еден пораз во Премиер лигата, трет на последните четири натпревари, резултати кои придонесоа да падне дури на седмата позиција односно не е повеќе на местата кои водат во Лигата на шампионите.

Последниот негативен резултат дојде против Астон Вила на дуелот на кој „сините“ водеа до 57 минута по што дозволија домаќинот да направи пресврт и слави 2-1.

Наредните две средби за Челси се со Саутемптон и Лестер, па некогашниот англиски репрезентативец Пол Мерсон смета дека ако истите не се добијат тоа ќе значи отказ за менаџерот Енцо Мареска.

-Ако не победат во следните два натпревари, менаџерот нема да биде таму. Тие играат против две од најлошите тимови кои играат во Премиер лигата, Саутемптон и Лестер. Значи, ако не ги добијат тие два натпревари, тој ќе треба да биде многу добар да си ја задржи работата.

-Челси мора да се пласира во Лигата на шампионите. Ним им треба Лигата на шампионите за да ги задржат играчите како Кол Палмер бидејќи тој ќе сака да игра во тоа натпреварување. Ќе мора да завршат во првите пет, инаку се плашам да помислам што ќе се случи. Само не гледам каков е планот. Сите седумгодишни договори и овие играчи не се подобри. Колку од нив беа голем успех?, -вели Мерсон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни