Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Ливерпул направи голема грешка, го продаде Мане за „еден чај“

Објавено

на

Заминувањето на Садио Мане во Баерн Минхен очигледно влијае на формата и резултатите на Ливерпул сезонава, а во таа насока оди и остриот коментар на Пол Мерсон.

Поранешниот англиски репрезентативец смета дека „црвените“ направиле фатална грешка, посебно што го продале Сенегалецот за „еден чај“.

– Уште кога се случи овој трансфер, реков дека е еден од најлошите во историјата на Премиер лигата.

– Зборуваме за фудбалер кој постигнуваше клучни голови и беше лидер на нападот на Ливерпул.

– Го продадоа за 30 милиони, што за премиерлигашите е цена како за еден чај, а потоа го доведоа Дарвин Нуњез кој не е во иста лига со Мане.

– Според мене, подобро ќе беше да го задржеа Мане дури и по цена тој да си замине без отштета следното лето, – изјавил Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни