Поврзете се со нас

Англија

Мерсон: Ливерпул го има најдоброто офанзивно трио, но нема да го „избрише подот“ со Јунајтед

Објавено

на

Ливерпул повторно го има најдоброто напаѓачко трио откако Салах, Мане и Фирмино играат на нивото кое му донесе трофеи на клубот, но не го отпишувајте Манчестер Јунајтед, – порачува Пол Мерсон во својата најнова колумна.

Легендата на Арсенал очекува неизвесно премиерлигашко дерби, во кое Јунајтед веројатно ќе го препушти поседот на топката на противникот.

– Триото на Ливерпул се врати на највисокото ниво, можат да постигнат 4 гола за 20 минути. Тоа им беше заштитен знак во сезоната во која ја освоија титулата и сега го имаат тоа повторно.

– Ако судиме според формата на Ливерпул, Манчестер Јунајтед ќе има тешка задача, но ја сакаме Премиер лигата токму поради фактот што не можеме да предвидиме точно што ќе се случува.

– Не постојат шанси Ливерпул да го „избрише подот“ со Јунајтед, ќе има натпревар, а доколку Јунајтед загуби, тоа е тоа , не гледам како Солскјер би останал подолго во тимот.

– Нереално е никој да не му дава шанси на Јунајтед да победи, да не заборавиме дека ова е најголемиот клуб во светот кој троши стотици милиони фунти за трансфери и плати. Ќе влезат во дуелот без притисок, не е нереално да победат, – вели Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни