Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мерсон: Интер е понезгоден противник за Сити од Јунајтед

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец, Пол Мерсон, направил анализа во пресрет на финалето на Лигата на шампионите и смета дека Интер може да му создаде проблеми на фаворитот Манчестер Сити.

Минатиот викенд Сити го победи градскиот ривал Манчестер Јунајтед во финалето на ФА купот, но Мерсон е убеден дека италијанскиот тим е понезгоден ривал за избраниците на Пеп Гвардиола.

– Сити ќе биде под притисок во финалето, пред неколку години против Челси сите очекуваа дека ќе победат, но не успеаја.

– Премиер лигата е поинакво натпреварување, овде е потребен еден пенал како тој на Јунајтед и работите можат да отидат во друга насока.

– Одамна сум убеден дека ова ќе биде потежок натпревар за Сити, Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку можат да нанесат голема штета, нешто што не е случај со офанзивните играчи на Јунајтед, ако го исклучиме Маркус Рашфорд.

– Ако двете екипи играат на своето најдобро ниво, Сити ќе победи. Но, фудбалерите се луѓе, а и досега видовме неколку лоши денови на Сити сезонава. Она што е сигурно е дека Гвардиола нема да менува и ќе има само друг голман во однос на финалето на ФА купот, – вели Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни