Мерсон го лоцираше најголемиот виновник за прокоцканата победа на Арсенал

merson

Арсенал прокоцка убава предност на гостувањето кај Вотфорд и ги разочара фановите, откако освои бод иако на полувремето водеше со 2:0.

Ваквиот епилог донесе многу реакции во јавноста, како и многу обвинувања за одбраната и менаџерот Унај Емери.

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Пол Мерсон, во својата последна колумна јасно посочува дека единствениот виновник за неуспехот е Емери.

– Јас би ја лоцирал вината кај менаџерот. Некој ќе каже дека на теренот има искусни фудбалери, но тие имаат менаџер и се платени да го слушаат.

– Неговите замени не беа добри, играчите требаше да ја држат топката, а тие ја продаваа лесно. Единствениот кој не го правеше тоа беше Озил, а во ситуација кога требаше да биде постигнат уште еден гол за да се реши победникот, тој внесуваше млади фудбалери во натпревар на кој беа под голем притисок.

– Не ми е јасно зошто почнаа да ја додаваат топката во шеснаесетникот откако тоа стана дозволено. Не го правеа тоа минатата сезона, зошто мора да се прави сега, – потенцира Мерсон мислејќи на грешката на Сократис со која Вотфорд го намали водството.

Facebook Коментари