Мерсон: Арсенал има предност во однос на Челси поради една работа

celsi

Првите две кола од англиската Премиер лига не се вистинска индикација за она што ќе се случува до крајот на сезоната, но јасно навести дел од проблемите кои ги имаат екипите.

Пол Мерсон во својата последна колумна вели дека Арсенал има предност во однос на Челси во борбата за Топ 4 позиција, а главна причина се напаѓачите.

– Лампард не е виновен што Челси има трансфер ембарго, тој дојде во ваква позиција во клубот. Ако немаше ембарго, Челси ќе купеше квалитетен напаѓач.

– Во моментов не сметам дека имаат доволно квалитет, секој друг клуб со таква доминација против Манчестер и Лестер, ќе го добиеше натпреварот комфорно. Сега мора да живеат со реалноста дека нема да можат да постигнат многу голови бидејќи немаат врвен голгетер. Или поинаку кажано, ако Лаказет и Обамејанг играа во Челси, екипата сега ќе имаше шест бодови, – вели Мерсон.

Facebook Коментари