Поврзете се со нас

Шпанија

Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Микел Мерино со својата Шпанија имаше фантастично Европско првенство, првенство на кое беше освоена титулата, а на него пак му донесе голем трансфер и преселба во најкомпетививната лига на светот Премиер каде е дел од Арсенал.

Тој ќе треба да се докажува во новата средина, нешто за што е свесен и во исто време подготвен особено затоа што за тренер го има сонародникот Микел Артета.

-Артета е многу страстен за својата работа. Сака да биде тренер, не само од технички, фудбалски, туку и од емотивен аспект. Сака да води група луѓе и таа страст е нешто што навистина ме мотивира.

-Постигнавме успех на ЕП, јас го постигнав тој гол, го освоивме трофејот. Потоа потпишав за Арсенал. Животот ми се промени, буквално – сега живеам во друга земја каде што се зборува друг јазик, во земја каде што сè е поинаку и едноставно морам да се прилагодам. Тешко е да се навикнеш на толку многу големи работи што се случуваат во толку краток временски период, -вели Мерино кој кратко проговори и за талентираниот Ламин Јамал од кого се очекува на биде на највисоко ниво на секоја средба иако има само 17 години.

-Многу е тешко (за Јамал ​​да одржи континуитет). Се надевам дека ќе може постојано да игра на ова ниво, но има 17 години, толку е млад и можеби ќе наиде на некои пречки во иднина. Сите тогаш ќе треба да разбереме дека ова е фудбал и дека кариерата на сите има подеми и падови. Сега сите го фалиме, но да не бидеме премногу остри со него кога ќе одигра неколку лоши натпревари, да не го критикуваме премногу, -подвлече некогашниот член на Реал Сосиедад.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни