Англија
Мерино со хит изјава за својата сопруга по првиот голем блесок во Премиер лигата (Видео)

Микел Мерино се покажа како вистински „џокер“ за Микел Артета на денешното гостување кај Лестер, натпревар на кој беше олигледно дека Арсенал се мачи во последната третина од теренот.
Отсуствата на важни играчи во нападот направија Артета да нема вистински напаѓач, па така Мерино во последните 20 минути доби шанса да игра како центарфор, нешто од што максимално профитираше.
Играчот за врска одлично се снајде во улога на напаѓач и постигна два гола, што всушност е прв негов ваков блесок во Премиер лигата откако реализираше трансфер во Англија.
– Менаџерот Артета ми порача дека ќе влезам како напаѓач и побара да ги искористам сите мои силни страни. За првпат во кариерата играв како напаѓач и испадна навистина добро.
– Мислам дека трет пат во кариерата постигнувам два гола на еден натпревар, но овој ќе го паметам како подарок за мојата сопруга. Заборавив да и купам нешто за Валентајн вчера, па овие два гола одат за неа. Мислам дека многу повеќе ќе се израдува на ова, отколку на некоја ружа или чоколадо, – изјави Мерино.
"I forgot to get my wife something for Valentine's Day, so this brace goes to her…" 🤣
Mikel Merino was impressed with his first outing as a striker for Arsenal, despite only finding out he would play there this morning 👏
🎙 @Becky_Ives_ | 📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/a77ad0130B
— Football on TNT Sports (@footballontnt) February 15, 2025
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона