Поврзете се со нас

Италија

Мерет честеше со почетнички кикс, тифозите на Наполи повторно негодуваа на „Диего Марадона“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Frosinone1928

Наполи заборави да победува на домашен терен и изгледа непрепознатливо во сезоната во која ја брани титулата, а денеска со бод од „Диего Марадона“ си замина и Фрозиноне.

Фаворитот подобро отвори и поведе со голот на Политано во раната фаза од мечот, но Мерет честеше на стартот на вториот дел и го врати аутсајдерот во игра.

Мароканецот Шедира не погреши и лесно погоди за 1:1, па иако фаворитот повторно поведе преку Осимен, гостите имаа сили за нов одговор.

Шедира по вторпат се најде на вистинско место и израмни на 2:2, а во 83-та минута малку фалеше Фрозиноне да направи пресврт и да оствари огромна победа.

На крајот, двата тима мораа да се задоволат со реми и натпреварот заврши 2:2, по што навивачите на Наполи ги испратија со свирежи своите миленици на теренот.

Повеќе од јасно е дека тренерските смени на Де Лаурентис не вродија со плод оваа сезона, а Калцона сега врза трет натпревар без победа на домашен терен.


 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни