Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес се мачеше со пневматиците, Ферстапен триумфираше на Силверстоун

Објавено

на

Макс Ферстапен со одлично возење и маестрална тактика на неговиот тим Ред Бул, стигна до победа на трката на Силверстоун од Формула 1 шампионатот.

Холанѓанецот успеа да ги неутрализира болидите на Мерцедес, оставајќи ги зад себе Луис Хамилтон и Валтери Ботас и стигна до деветтата победа во својата Ф1 кариера.

Тактиката на Ред Бул во однос на пневматиците му овозможи на Ферстапен да го искористи својот возачки потенцијал за важна победа на втората трка во Велика Британија, со што ја намали предноста на лидерот Хамилтон. Ова беше и прва победа на друг тим сезонава, откако Мерцедес ги доби првите четири.

Шарл Леклер не го криеше задоволството од освоеното четврто место, откако ризикуваше во финишот со болидот на Ферари и не влезе вторпат во боксот, а до десеттото место се пласираа Албон, Строл, Хулкенберг, Окон, Норис и Квијат.

Во генералниот пласман, Хамилтон води со 107 поени, Ферстапен изби на второто место со 77, додека Ботас е трет со 73 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни