Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес: Ред Бул има побрз болид во моментов

Објавено

на

Формула 1 тимовите се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а тестирањето во Бахреин покажа дека сите имаат простор за подобрување.

Мерцедес ќе се обиде да стигне до осмата титула во серија, но директорот за стратегии Џејмс Ваулс испрати јавни пофалби на сметка на ривалот Ред Бул.

– Има многу непознати работи, сите имаат падови и подеми и допрва ќе се работи на тоа.

– Но, постојат одредени трендови, мислам дека Ред Бул има предност во однос на перформансите, во моментов се импресивни, – рекол Ваулс.

– Мислам дека ќе имаме неизвесна сезона, Ред Бул е голем ривал, имаат квалитетен пакет и јасно е дека се многу брзи, – дополнил еден од најважните членови во менаџментот на Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни