Мерцедес откри како изгледа возењето со „хало“ додатокот на болидот (Видео)

Mercedes-halo

Задолжителното поставување на „хало“ заштитата на Формула 1 болидите за новата сезона донесе многу дебати и пред се критики од страна на клубовите.

Иако е јасно дека безбедноста за возачите ќе биде поголема, проблематично е неговото влијание врз перформансите, но пред се и на прегледноста која ќе ја имаат возачите. Досега само се зборуваше токму за овој елемент, а Мерцедес реши да објави видео во кое Валтери Ботас го вози новиот болид на Силверстоун.

Facebook Коментари