Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес остана без еден од клучните луѓе за актуелната доминација

Објавено

на

Формула 1 тимот Мерцедес ја очекува новата, скратена сезона со големи амбиции и реални шанси да ги одбрани титулите во конкуренција на конструктори и возачи.

Но, германскиот тим во иднина ќе остане без еден од клучните луѓе во градењето на успешната приказна и доминацијата на Мерцедес од 2014 година, односно во турбо-хибридната ера.

Се работи за Енди Кауел, првиот човек на Мерцедес во инженерскиот тим за развивање на моторите, кој потврди дека на 1. јули заминува од тимот по цели 16 години.

– Лидерството на Енди во однос на тимот кој е задолжен за моторот беше еден од клучните фактори за нашите успеси. Нашата филозофија отсекогаш била дека победничкиот тим е динамична организација и промените се природен процес во нејзиниот развој, – дипломатски коментира тимскиот шеф Тото Волф.

Позицијата на Кауел ќе ја преземе Хајвел Томас, а Мерцедес најави дека актуелниот прв човек на секторот ќе биде консултиран за сите идни потези барем до почетокот на следната година.

Ф1 сезоната треба да започне во Австрија на 5. јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни