Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес ја повлече жалбата, жена му на Тото распали: Луис беше ограбен!

Објавено

на

 

Тимот Мерцедес АМГ ја повлече жалбата за случувањата на трката за Големата награда на Абу Даби, кои резултираа со крунисување на Макс Ферстапен како светски првак во Формула 1.

Во соопштението издадено во име на тимот, но без потпис или наведување на име, стои дека си заминале од тркачката патека со неверица, иако поразот е составен дел од трките.

– Заедно со Луис се обидовме да одговориме внимателно на настаните од финалето во Формула 1. Отсекогаш сме се воделе од љубовта кон спортот и веруваме дека секое натпреварување треба да биде заслужено освоено. Како што се одвиваа настаните во неделата, многумина почувствуваа (а и ние бевме меѓу нив), дека нештата не се развија правилно. Причината зошто вложивме протест е бидејќи правилата за безбедносното возило беа применети на поинаков начин од досега виденото, а тоа влијаеше на конечниот резултат,- се вели во првиот дел од соопштението на Мерцедес АМГ.

Таквата жалба до стјуардите требала да биде во интерес на фер плејот и сите натпреварувачи да ги знаат правила под кои настапуваат.

– ФИА именуваше комисија за да согледа што се случило во Абу Даби, а со идеја да ги зацврсти правилата, при што ги покани и тимовите да учествуваат. Ние активно ќе соработуваме со комисијата за да изградиме подобра Формула 1, за секој тим и за секој навивач што го сака овој спорт како и ние. Ќе ја сметаме ФИА за одговорна во овој процес и поради тоа ја повлекуваме нашата жалба,- се вели на крајот.

Иако името на Тото Волф од крајот на трката во Абу Даби не беше веќе споменато, а тимскиот шеф не беше потпишан ниту на ова соопштение, циркулираат гласини дека истото можеби е под притисок од централата. Таквиот впечаток е засилен и со бурната реакција на Сузи Волф, поранешен возач, а сега сопруга на Тото Волф и тимски шеф на Вентури Мерцедес во Формула Е.

– Влегувајќи во последниот тркачки викенд верував дека и двата тима и двајцата возачи заслужија да станат шампиони. Требаше да биде спектакл, трка за историја, сите се надевавме дека ќе нема контроверзи. Тоа не се случи. Она што бидна се уште е тешко да се прифати. Тоа не е бидејќи загубивме, Макс и Ред Бул заслужија да победат и ние знаевме дека има шанса да бидеме поразени, но начинот на кој Луис беше ограбен ме остави со длабока внатрешна неверица,- пишува Сузи Волф.

Таа целата вина ја свалува врз грбот на техничкиот делегат на ФИА, Мајкл Маси, кој „спровел правило на начин на кој што никогаш претходно не било спроведено“.

– Луис Хамилтон, ти покажа неверојатен интегритет и дигнитет и покрај неправдата. Ти си најголемиот на сите времиња. Расплетот на последните кругови во неделата? Тие што знаат, си знаат, дури и оние кои што не можат да си признаат сами на себе. Честитки за Макс, но честитки и за секој член на Мерцедес АМГ за рекордната осма шампионска титула. Се надевам дека до март следната година ќе има владејачко тело со спортски интегритет и фер плеј во својата суштина, за да можам повторно да се вљубам во Формула 1,- поентира сопругата на Тото.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни