Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес го претстави новиот болид со кој Хамилтон ќе атакува по рекордна титула

Објавено

на

blank

Од таборот на Мерцедес го открија изгледот на болидот со кој ќе се претстават во годинешниот шампионат од Формула 1.

Британскиот пилот Луис Хамилтон со овој болид ќе атакува кон својата осма, рекордна титула во кариерата.

Новиот болид ќе го носи името В12 и истиот ќе ја задржи црната боја која беше доминантна минатата сезона. Оваа сезона различно ќе биде тоа што на самиот болид ќе има и одредени црвени апликации кои ги немаше минатата година.

blank

„Сребрените стрели“ доминираат во Формула 1 по воведувањето на хибридните турбо мотори во 2014 година освојувајќи ги титулите и кај возачите и кај конструкторите. Шест титули им донесе Луис Хамилтон, а една Нико Розберг со што беше прекината  четиригодишната доминација на Ред Бул.

Германскиот тим и оваа сезона ја задржа истата возачка постава, па во битката за победи на патеките ќе се борат Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои претходно потпишаа по едногодишни договори со Мерцедес.

Сезоната започнува викендот од 26 до 28 март кога ќе се вози трката за Големата награда на Бахреин.

blank

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни