Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес го потврди Џорџ Расел на местото на Ботас

Објавено

на

Џорџ Расел и официјално ќе му биде клупски колега на Луис Хамилтон следната Формула 1 сезона.

Мерцедес денес официјално ја потврди информацијата која подолг период беше „јавна тајна“, а чија дополнителна најава беше и промовирањето на Валтери Ботас како нов член на Алфа Ромео.

Финецот заминува од Мерцедес каде беше од 2017 година, а германскиот тим ќе добие британски тандем откако Расел ќе го напушти Вилијамс за да се пресели во тимот предводен од Тото Волф.

Расел во 2017 година стана дел од програмата на Мерцедес за млади возачи, па не е изненадување што Волф и актуелниот шампион ќе му дадат шанса следната година.

– За мене ова е специјален ден на приватен и професионален план, но и ден на измешани емоции.

– Возбуден сум и почестен што ќе станам дел од Мерцедес, што е голем чекор напред во кариерата, но исто така тоа значи дека ќе им кажам збогум на моите актуелни соработници во Вилијамс, – вели Расел во првата изјава по објавувањето на информацијата од страна на Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни