Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес доби казна поради пирсот на Хамилтон

Објавено

на

Тимот на Мерцедес заработи невообичаена парична казна по квалификациите за Формула 1 трката во Сингапур, а главен виновник е седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Стјуардите испорачаа казна од 25.000 евра, објаснувајќи ја со погрешно потполнет формулар во однос на почитувањето на правилото за неносење накит за време на трките.

Ова правило беше воведено сезонава и постојано беше еден вид закана за Хамилтон, кој одбива да го извади пирсот од носот, а стјуардите во Сингапур се први кои решија да го казнат Мерцедес поради оваа причина.

– Се обидов да го извадам, но носот ми се инфицираше.

– Морав да го вратам пирсингот, па последниве две недели има напредок во санирањето на проблемот. Докторите инсистираат да остане на таа позиција, извадив се друго и ова ми е навистина смешно, – изјавил Хамилтон.

Британецот ќе стартува од третата позиција на денешната трка во Сингапур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни