Меноти: Меси сака повеќе да триумфира со Барселона отколку со Аргентина

Mesi-Nigerija

Човекот кој и ја донесе првата светска титула на Аргентина, Цезар Луис Меноти верува дека неговиот сонародник Лионел Меси повеќе сака да триумфира со неговата Барселона, отколку со националниот тим.

Меноти кој сега е директор на „гаучосите“ не ја спори посветеноста на Меси кој Аргентина, но смета дека ако мора да бира тогаш повеќе би сакал успех со Барселона во ЛШ наместо титула со националниот тим на Копа Америка.

-Сигурен сум дека Меси е среќен во нацоналниот тим. Нема ништо да го чини да каже дека големиот палец му е повреден ако така не се чувствува, ама ако е со нас тоа значи дека е среќен. Мислам дека не постои некој друг што сака повеќе да освои трофеи со Аргентина од Меси. Ако има таков, јас немам зборувано со него. Ама ако го прашате Меси што сака повеќе да биде шампион со Аргентина или да ја освои ЛШ, сигурно би ја одбрал ЛШ, -истакна Меноти.

Facebook Коментари