Поврзете се со нас

Италија

Мењан пред дуелот со Килијан и Реал: Јас сум најдобар голман во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Мајк Мењан веќе подолго време е гаранција за дефанзивците на Милан и таков е случајот и во сезоната која тргна со доста променливи резултати, па 29-годишниот чувар на мрежата беше и во изборот за најдобар голман на „Франс Фудбал“.

Францускиот репрезентативец се најде на петтото место за време на церемонијата во Париз и тоа е само уште една потврда дека е еден од најдобрите во светот, но во неговите мисли, тој се гледа себеси како најдобар.

– Адреналинот е тој што ме води напред во фудбалот. Јас сум голем ентузијаст пред дуелите со било кој тим и ривал. Јас не мислам многу на противниците, мислам на себе и на моите соиграчи.

– Гледајќи се себе, мислам дека сум најдобар во светот. Ако не го мислам јас тоа, тешко дека ќе го мисли некој тоа за мене. Ме избраа за петти најдобар во светот, но знам дека имам простор за подобрување. Мојот приоритет сега е мечот со Реал Мадрид, не размислувам на ништо друго, освен на следниот ривал.

– Ќе играм против Килијан Мбапе, имам добар однос со него и секогаш си разменуваме мислења. Знам дека минува низ тежок период на стартот во Реал, но немам сомнеж дека ќе го надмине тоа, – изјави Мењан во најавата за денешното европско дерби на „Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни