Поврзете се со нас

Италија

Мењан откри детали за скандалот во Удине: Победата е најдобар одговор (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан направи завршен пресврт на гостувањето во Удине и со два гола славеше пресврт победа од 2:3, триумф кој има уште поголемо значење за гостите од Милано после тоа што се случи во првиот дел.

Мајк Мењан го прекина мечот на пет минути и не се играше фудбал на „Фриули“, а причина за тоа беа расистичките крици на кои се пожали голманот на „росонерите“.

Мењан се упати кон соблекувалните и доби поддршка од тренерот Пиоли и соиграчите, но потоа беше разубеден и се врати на теренот за да го доигра мечот.

Неговите соиграчи му приредија незаборавна вечер со победа и три бода, а по натпреварот францускиот чувар на мрежата откри што се случило.

– Ќе ви кажам што се случи во првото полувреме. Уште при првиот гол-аут, слушнав мајмунски крици, но не преземав ништо. Вториот пат кога ја имав топката кај себе, повторно слушнав исти крици. Му го кажав тоа на четвртиот судија, а потоа и на моите соиграчи на клупата. Им порачав дека не може да се игра фудбал во такви услови, не е првпат да се случува нешто слично.

– Не станува збор за цел стадион, најголем дел од фановите се тука за да си го бодрат клубот и тоа треба да биде единственото нормално во фудбалот. Од цела оваа ситуација, најдобро е тоа што ние имаме силна група. Се однесуваме како семејство и сите ми дадоа поддршка. Се вративме на теренот и работевме уште понапорно за да победиме. Победата е најдобар одговор за тоа што се случи, – изјави Мењан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни