Поврзете се со нас

Италија

Мењан ќе добие нов договор, Милан ќе му овозможи ист статус со Леао

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан направи одличен трансфер со ангажирањето на Мајк Мењан од Лил, па голманот сега е еден од клучните играчи во составот на Стефано Пиоли.

Поради ова и „росонерите“ сакаат што побргу да обезбедат продолжување на договорот со Французинот, истовремено откажувајќи ги ривалите кои се заинтересирани за 28-годишниот голман.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Милан ги прифатил условите на Мењан и ќе му овозможи ист финансиски статус како тој на Рафаел Леао.

Португалецот со новиот договор доби годишна плата од 7 милиони евра, а сега Мењан ќе му се придружи со статус на најплатен играч во редовите на составот од „Сан Сиро“.

Мењан дојде во Италија во 2021 година како замена за Џиџио Донарума, па му помогна на својот тим да стигне до шампионска титула уште во првата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни