Поврзете се со нас

Германија

Менхенгладбах има бек кој прави финти како Роналдињо: Лајнер со бразилски дриблинг ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Борусија Менхенгладбах вчера загуби на домашен терен од Баер Леверкузен во дербито со резултат 1:3, но ефикасноста на гостите не засени во целост еден потег кој навистина вреди да се истекне.

Натпреварот пред се беше необичен и поради фактот што домашниот клуб постави плакати на трибините на кои беа присутни „замислени“ фанови, но покрај постигнатиот гол на сензационалноиот Хаверц во првото полувреме, од овој дел од играта ни пристигна и бравурозна дриблинг мајсторија.

По се изгледа, Борусија Менхенгладбах за десен бек има фудбалер кој може да прави финти во стилот на Роналдињо, а најдобар доказ за тоа е дриблингот кој му го продаде на Синкгравен.

Австриецот Штефан Лајнер изведе една фасцинантна ламбрета во стил на бразилска суперѕвезда, па неговиот потег беше убедливо најатрактивен од новото коло во германската Бундеслига.

Дефинитивно, овој трик ќе пројдеше многу подобро со навивачи на трибините, но ниту тоа не спречи оваа мајсторија да биде една од најсподелуваните видеа во Германија на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни