Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)

Објавено

на

blank

Екипата на Реал Мадрид со победа се враќа од тешкото гостување во Бергамо каде славеше против секогаш незгодната Аталанта со 1:0.

Единствениот гол на средбата кој на крај беше одлучувачки го постигна Ферлан Менди во самиот финиш од натпреварот. Дефанзивецот на „кралевите“ со одличен удар го матираше Пјерлуиџи Голини во 86. минута и обезбеди предност за Реал Мадрид пред ревашнот кој е закажан за 20 дена во Мадрид.

Клучниот момент на оваа средба се случи во 17. минута кога главниот судија, Тобијас Штилер го исклучи Ремо Фројлер по една спорна ситуација со Ферлан Менди.

Аталанта потоа 70 минути одолеваше на нападите на Реал Мадирд, кој имаше теренска иницијатива и беше во егал, но на крај не успеа да издржи прими гол во самиот финиш.

Борусија Мехенгладбах го пречека Манчестер Сити на „Пушкаш арена“ во Будимпешта поради ковид протоколите наметнати во Германија. „Граѓаните“ немаа поголеми проблеми со германскиот претставник и славеа со 2:0 што значи дека имаат огромна предност пред реванш средбата која е закажана за 20 дена на „Итихад“.

Бернардо Силва го отвори резултатот во 29. минута, а конечниот резултат го постави Габриел Жезус кој ја затресе мрежата на Зомер на асистенција на стрелецот на првиот гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни