Поврзете се со нас

Англија

Менди си ја отвори душата: Неколку играчи на Сити беа дел од моите секс забави

Објавено

на

Foto:x.com/FCLorient

Бенжаман Менди очекувано доживеа страшен пад во карирата по целиот скандал и судски процес кој траеше долго во Англија, но сега откако успеа да се оттргне од сите притисоци кои се правеа на Островот, Французинот реши да си ја отвори душата.

Поранешниот бек на Манчестер Сити имаше неколку обвиненија за силување и на крајот сите тужби беа отфрлени, па иако судскиот процес заврши во негова полза, штетата која му се нанесе на фудбалерот е непоправлива.

Менди моментално игра во втората француска Лига за Лориен и е далеку од очите на англиската јавност, но дефанзивецот реши самиот да се реактивира со интервјуто кое го направи за „Телеграф“.

Левиот бек признава дека често знаел да организира секс забави во својот дом во Манчестер, меѓутоа додава дека дел од истите биле и неколку првотимци на Сити.

Иако не сакаше да именува, Менди во разговорот обелоденува дека однос со девојките кои ги викал имал и еден од капитените на тимот.

– Неколку играчи на Манчестер Сити од првиот тим, вклучувајќи го и капитенот, беа дел од забавите кои ги организирав јас во својот дом. Немаше ниту еден доказ дека некој намерно бил присилуван на нешто. Сите пиевме алкохол, а повремено имавме и односи со девојки. Сите ги прекршувавме протоколите за Ковид 19 во тоа време.

– Не сум горд на тоа, не сакам да се оправдам за моето однесување, но мислам дека бев нефер третиран од Манчестер Сити. Ме издвоија од групата и ме третираа поединечно. Разликата меѓу мене и останатите играчи на Сити беше тоа што јас бев лажно обвинет и јавно понижен во јавноста, – вели Менди.

Французинот беше суспендиран од Манчестер Сити во периодот додека траеше судскиот процес и не ја испаќаше платата на фудаблерот, поради што Менди минатата година најави дека ќе покрене судски спор против клубот за да си ги добие неисплатените пари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни