Англија
Менди ја доби правната битка со Сити и ќе добие мулти-милионска отштета
Бенжаман Менди доживеа вистинска голгота во Англија пред да биде ослободен од Манчестер Сити, бидејќи францускиот фудбалер мина низ тежок судски процес, за време на кој не доби никаква поддршка од својот клуб.
Менди беше осуден за физички напад и силување од страна на неколку девојки, но откако сите обвиненија беа отфрлени и Французинот беше пуштен на слобода, почна една нова борба за левиот бек.
Бенжаман минатата година поднесе тужба против Манчестер Сити за неисплатени плати од септември 2021 до јуни 2023 година, па сега судот донел одлука во негова корист и го обврза англискиот шампион да исплати најголем дел од средствата.
Како што јавуваат „Ројтерс“ и „Би-Би-Си“, Манчестер Сити ќе треба да му исплати 11 милиони фунти на својот поранешен фудбалер во вид на отштета, што сепак не е комплетната сума од неговиот договор кој истече минатата година.
Менди имаше годишна заработка на „Итихад“ од 6 милиони фунти, па судот реши да искомпензира такашто Сити нема да ја исплаќа целата сума од договорот.
-
Свет24 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони19 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Свет24 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија23 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед
-
Шпанија18 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Дел По со емотивно писмо му се обрати на Ѓоковиќ: Не си само најголем во историјата на спортот…