Менди експресно собра негативни поени и ја загуби возачката дозвола

mendi-e

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенжамин Менди ќе мора да користи услуга на возач наредната година, откако англиската полиција му ја одзеде возачката дозвола.

Французинот набрзина стигнал до 24 казнени поени, поради што следува автоматска забрана за управување моторно возило во текот на една година, одлука која Менди ќе мора да ја почитува за да не си направи уште поголем проблем.

Автомобилот на Менди четири пати била снимена со камерите на сообраќајната полиција како вози со брзина поголема од дозволената, а иако фудбалерот тврдел дека тој не бил возачот, откако не сакал да посочи кој го управувал автомобилот, казната му припаднала нему.

Според полицијата, Менди ги направил прекршоците за помалку од две недели, а два од нив биле направени во ист ден.

Facebook Коментари