Поврзете се со нас

Англија

Менди бара мулти-милионска отштета од Манчестер Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/benmendy23

Бенжаман Менди беше ослободен од обвинувањата за два сексуални напади во Англија, по што се врати во Франција, но сега ќе бара мулти-милионска отштета од поранешниот клуб Манчестер Сити.

Обвиненијата за Французинот дојдоа во период кога тој го носеше дресот на Сити, а поради проблемите со законот и притворот, клубот престанал да ги исплатува обврските од договорот со фудбалерот.

Менди требало да добива 100.000 фунти неделно во тој период, но од септември 2021 година не ги добивал тие пари, па сега решил да ги бара средствата преку суд.

Фудбалерот веќе ангажирал искусен адвокат кој пред соодветен трибунал ќе треба да докаже дека неговиот клиент неосновано не ги добивал платите од септември 2021 до јуни 2023 година, кога му истече договорот со Сити.

Премиерлигашот плати 52 милиони фунти за Менди и беше најскап дефанзивец во таа 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни