Поврзете се со нас

Италија

Мендеш за големиот португалски талент: Тој го сака Јувентус и Јуве го сака него!

Објавено

на

Foto:instagram.com/antoniosilva.66

Жорже Мендеш важи за највлијатен фудбалски агент во светот и голем број познати имиња се застапувани од неговата агенција, но угледниот Португалец често знае да препознае и големи фудбалски потенцијали.

Мендеш секако посебно внимание им дава на своите сонародници кои се истакнуваат со изданијата уште во раните фази од кариерите, па таков е и случајот со Антонио Силва кој е голема трансфер мета на Јувентус.

Импресивниот стопер на Бенфика сериозно се поврзува за трансфер во Јувентус уште во јануари, шпекулации кои станаа уште погласни по денешната изјава на Мендеш.

– Антонио го сака Јувентус и Јуве го сака него! Сега е редот на Бенфика да одлучи. Потребни ни е уште малку трпение, треба да почекаме уште некое време.

– Некои работи во фудбалот се менуваат во само пет минути, но преодниот рок во Европа во овој момент се уште е затворен. Ќе мора да почекаме уште малку, – изјави Мендеш, кој истовремено најави дека иднината на Франсиско Консеисао е во Торино.

– Иднината на Консеисао е во Јувентус. Тој е многу среќен во клубот и Јувентус е среќен од него. Тоа ќе биде врска која ќе трае доста долго, – додава познатиот суперагент.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни