Поврзете се со нас

Шпанија

Мендеш по средбата со Лапорта: Зборувавме само за Ламин

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона вечерва игра против Бенфика во Лигата на шампиони и сите очекуваат фудбалски спектакл како на нивната последна меѓусебна средба, но овој двомеч очигледно ќе послужи и за да се привршат едни преговори кои траат подолго време.

Жорже Мендеш го искористил моментот за да има средба со Жоан Лапорта во текот на ноќта, а самиот суперагент потврди дека главна тема на разговор бил Ламин Јамал.

Суперталентот на Барселона самиот ги одложи преговорите со цел да се насочи целосно кон случувањата на теренот, но сега Мендеш уверува дека Ламин ќе потпише нов договор со Барса во текот на летото.

– Средбата со Лапорта беше многу добра, Ламин ќе го продолжи договорот. Сите знате дека тоа ќе се случи, немаше ништо неизвесно околу епилогот.

– Работите се многу добро приведени до самиот крај, зборувавме само за Јамал за време на средбата. Ламин има светла иднина пред себе, а истата е поврзана со Барселона, – потенцира Мендеш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни